Песков: Никој нема да има корист од поништувањето на Договорот со Украина

Од:

Суспензијата на Договорот за пријателство, соработка и партнерство помеѓу Русија и Украина е против интересите на двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Документот е во интерес на двете земји и неговото поништување нема да им користи на нашите нации, посочи Песков.

Тој одби да ја коментира изјавата на руското Министерство за надворешни работи откако Киев го поништи Договорот и предложи тоа прашање да се пренасочи кон МНР.

Руското МНР вчера испрати протестна нота до Украина, со листа на сите прекршувања на Договорот за за пријателство, соработка и партнерство.

Во септември 2018 година Русија прими нота од Киев за необновување на Договорот, што беше потпишан во мај 1997 година, а стапи во сила во април 1999 година со договорен рок од 10 години.

Суспензијата на Договорот стапува во сила на 1 април годинава.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција