Песков: Нема „магично оружје“ за Киев што би ја променило ситуацијата на фронтот

Од:

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека доколку Киев изврши напади длабоко на руска територија, Москва ќе одговори соодветно, но, како што изјави, не постои такво „магично оружје“ што би ја променило ситуацијата на фронтот.

Одговарајќи на прашање на каналот „Русија 1“, Песков се осврна на фактот дека оваа недела претставници на американското раководство зборувале за можна испорака на ракети „Томахавк“ на Украина.

„Во суштина, тие дозволија можност за удар длабоко на руска територија. Ова е прилично опасен симптом и не може да остане незабележан во Москва – ние го забележавме. Доколку се случи ова, тоа ќе биде уште еден бран на тензии, што ќе бара соодветен одговор од руска страна“, нагласи Песков.

Би можело да ве интересира

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Семејства бараат враќање на повеќе од илјада Кенијци од војната во Украина

Песков: Меѓународното право повеќе не постои, заменето е со беззаконие

Горан Наумовски

Русите лансираа смртоносна нова ракета

Седум лица загинаа во руски ракетен напад врз станбена зграда во Харков