Песков: Нема цензура во медиумите во Русија, тоа е сигурно

Од:

Руската Влада не спроведува цензура во медиумите во Русија, а во врска со ограничувањето на странското сопствеништво во средствата за информирање ја применува универзалната пракса, која е соодветна и легитимна, изјави  рускиот портпарол Дмитриј Песков.

„Нема цензура, тоа е сигурно“, нагласи Песков.

„Кај ограничувањата за странско сопствеништво во медиумите за странци и граѓани, кои имаат странски пасоши, се применува праксата, која ја користат различни земји ширум светот. Прагот на сопствеништво може да се разликува, но самата идеја е апсолутно соодветна“, истакна Песков.

Според него, медиумите имаат слобода на говор, но, покрај тоа, треба да имаат и одредена одговорност како најмоќен инструмент во обликување на јавното мислење.

„Ќе биде погрешно да им се дозволи на странските државјани да поседуваат такви ресурси во земјата, посебно во текот на актуелната декада на агресивна атмосфера“, заклучи Песков.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија