Песков: Изјавите на новиот украински командант ја потврди исправноста на „специјалната воена операција“

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска кажа дека изјавите на новиот врховен командант на украинската армија, Михаил Драпатиј, за граѓаните на Донбас се монструозни.

Песков додаде дека тој и луѓето слични на него нема да им дозволат на претставниците на режимот во Киев да дојдат до мирно решение.

„Што се однесува до Драпатиј, таа изјава е монструозна. Пред сè, таа покажува дека тој е нацист. Потоа, покажува дека тој и луѓето слични на него нема до крај да дозволат кој било од киевскиот режим да постигне мирно решение“, изјави Песков.

Според него, Драпатиј со овие изјави ја потврдил исправноста на, како што ја нарече Москва, „специјалната воена операција“.

Песков додаде дека е уверен оти Драпатиј ќе одговара за она што го изјавил.

Драпатиј, според Песков, за граѓаните на Русија изјавил дека се „нација која нема право на постоење“.

За граѓаните на Донбас, пак, рекол дека не се свесно население, туку луѓе кои не сакаат да работат и би сакале сè да добиваат бесплатно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Виткоф му рече на Путин дека е хуманитарец

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

ВИДЕО: Руски дрон се заби директно во зграда во Киев, има жртви и повредени

Катерина Ѓуровски

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

Виткоф се среќава со Путин во Санкт Петербург

Катерина Ѓуровски