Поранешниот пакистански претседател, генерал Первез Мушараф, денеска, по четиригодишен егзил, се врати во земјата.
Пристигнувањето на Первез Мушараф, кој управуваше со земјата меѓу 1999 и 2008 година, се одвива во тензична атмосфера, бидејќи талибанците се заканија дека ќе го убијат, ако се врати во земјата.
Мушараф планира да учествува на парламентарните избори во земјата закажани на 11 мај.
Со воен удар во 1999 година Первез Мушараф ја презема власта во земјата, но во 2008 година се повлече. На неколку пати најавуваше враќање во земјата, но се откажуваше од намерата поради заканите да биде уапсен. Против него има три потерници за апсење.
Спеак, пакистанското судство во петок му гарантираше дека во случај да се врати во земјата ќе добие условни казни.
Во 2008 година пакистанското судство го принуди да поднесе оставка и го обвини за три случаи, убиство на поранешниот премиер Бензаир Буто во 2007 година, илегално отпуштање судии и убиство на лидерот на борците за независност на Белуџистан, Акбер Бугти во 2006 година.