Перу: 11 загинати во одрон

Од:

Најмалку 11 лица, меѓу кои и пет деца, загинаа во одрон кој погоди мало село во планинската област на Перу, на северот на земјата.

Лавината од кал и камења затрупа 24 куќи во областа Сан Мартин, соопшти Роналд Гарсија, локално официјално лице.

Според наводите на Институтот за цивилна одбрана на Перу, спасувачките екипи ги извлекле телата на 11 лица, а уште 10 се водат за исчезнати.

Силните дождови на подрачјето на Андите во изминатите седмици поттикнаа неколку одрони.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ по денешниот инцидент: Не сум повреден, надлежните ќе откријат што се случи со автомобилот

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Несреќа во каменолом крај Росоман: Се преврте камион, тешко повреден е возачот