Иранскиот народ не е непријател на Израел, истакна израелскиот претседател Шимон Перес на состанокот со група американски конгресмен во Ерусалим.
-Резултатите од претседателските избори во Иран покажаа дека санкциите против државата делуваат и дека иранскиот народ сака промени-изјави тој и додаде дека израелскиот народ не е непријател на Иран.
Израелскиот премиер Бењамин Натанијаху истакна дека притисокот на меѓународната заедница не дозволува Иран да развие нуклеарно оружје, ниту да ја надмине црвената линија.
Елена Георгиевска