Перес и Абас го прифатија повикот на папата за посета на Ватикан

Од:

 Израелскиот и палестинскиот претседател, Шимон Перес и Махмуд Абас го прифатија повикот на папата Франциско заедно да го посетат Ватикан следниот месец.

Папата Франциско, кој престојува во посета на Светата земја, ги повика претходно денеска во Витлеем двајцата претседатели да дојдат во Ватикан и да се молат за мир.

Од кабинетите на израелскиот и палестинскиот претседател потврдија дека поканата е прифатена и оти посетата на Ватикан ќе се случи следниот месец.

– Во ова родно место на Принцот на мирот сакам да ве повикам, пртседателе Абас, заедно со претседателот Перес, да ми се придружите во искрена молитва кон Бога за дар на мир, изјави папата на мисата, која ја отслужи во библискиот град Витлеем на Западниот Брег.

– Го нудам мојот дом во Ватикан како место за таа средба посветена на мотлитвата, додаде лидерот на Римокатоличката црква на Плоштадот на јаслите пред Црквата на Христовото раѓање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски