Перес: Гладните не се хранат со изјави за медиумите

Од:

Поранешниот израелски претседател Шимон Перес денеска упати индиректни критики кон премиерот Бенјамин Нетанјаху, по објавениот извештај дека едно од три израелски деца живеат во сиромаштија, истакнувајќи дека „децата и возрасните лица не можат да се нахранат со изјави за медиумите“.

Перес алудираше на извештајот кој го објави фондацијата Латет, откривајќи дека 2,5 милиони од околу осум милиони Израелци живет под границата на сиромаштија.

– Тој документ е пресудно обвинение за нас. Одговорност на политичките партии е да ја стават борбата против сиромаштијата во преден план, изјави Перес.

Претходно, партијата Ликуд на премиерот Нетанјаху, изрази поддршка за зголемување на минималната плата во земјата на околу 1.000 евра, и нагласи дека „тоа е акција, а не изјава“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ултраортодоксните Евреи фрлаа камења кон автомобилот на израелски министер

Илјадници граѓани на улиците на Израел бараат нови избори и враќање на заложниците

Горан Наумовски

ОН го обвинија Израел за „систематски напади“ врз болниците

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“