Пензиониран американски генерал ја провалил тајната за сајбер нападот врз Иран

Од:

Пензионираниот американски генерал Џејмс Картрајт (63) е осомничен дека ја провалил доверливата информација за сајбер нападот врз иранската нуклеарна програма, пишуваат лондонските медиуми, повикувајќи се на инфрмациите од Министерството за правда на САД.

Картрајт е информиран со писмо од Министерството дека е цел на отворената истрага за откривањето на класифицираната информација, иако тој се уште не е формално обвинет. Но неговата постапка, се третира како кривично дело.

Стакснет вирусот што е користен при сајбер нападот, ја оневозможи во еден период иранската нуклеарна програма, со прекинување на работата на илјада центрифуги користени за прочистување на ураниумот.

Нападот бил дел од доверливата сајбер операција за запирање на нуклеарната програма на Иран, наречена „Олимписки игри“, што била започната од администрацијата на Џорџ Буш, а прифатена и продолжена и од адмнистрацијата на актуелниот претседател Барак Обама.

Генерал Картрајт беше заменик-началник на Генералштабот на американската армија од 2007 до 2011 година. Тој беше дел од најтесниот круг безбедносни советници на претседателот Обама до неговото пензионирање пред две години.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава