Пензионерката што ја уништи фреската на Исус: Не сум ја довршила работата

Од:

Пензионерката Сесилија Хименс која ја уништи фреската на уметникот Елијас Гарсија Хомо од 19. век „Ecce homo” тврди дека добила дозвола од свештеникот да ја реставрира.

Официјалните лица од културата во Шпанија се шокирани, но пред се од резултатот на нејзиниот обиде да ја реставрира фреската во Црквата на Божјата милост во Борха, недалеку од Сарагоса.

Тие тврдат дека жената која волонтира во црквата самоиницијативно ја прекрила со дебел слој фреската стара 120. години, на којха е прикажан Исус со круна од трње.

„Имав најдобри намери“, рече таа, додавајќи дека нејзината работа на реставрацијата сеуште не е заврштена.

Пријателите на Сесилија Хименес велат дека таа има напади на паника и не смее да ја напушти куќата која се наоѓа на неколку метри од црквата, откако се нашла во центарот на медиумското внимание.

„Од секогаш се сами реставриравме. Свештеникот знаеше за тоа“, изјави таа за шпанската телевизија, додавајќи дека секој што има влезено во црквата имал прилика да ја види како црта.

Внуката на уметникот и автор на фреската, Тереза Гарсија Бланк изјави дека во прв момент помислила ека се работи за некаква шега.

„Ми покажаа што направиле со уметничкото дело на мојот дедо и прво се насмеав, мислејќи дека е шега. Доволно е ужасно што ја префарбала туниката, но уште полошо е преминала и на лицето, бидејќи сликата е сега потполно уништена“, рече таа.


Градската управа соопшти дека нема намера да ги покрене законските мерки против пензионерката, иако признаваат дека останела без зборови.

Во понеделник група реставратори ќе ја погледне сликата и ќе утврди дали може да се спаси.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска