Пентагон: За пет месеци уништени над 3.000 цели на ИД во Ирак и Сирија

Од:

Меѓународната коалиција против групата „Исламска држава“ употребила речиси 5.000 проектили, уништувајќи над 3.000 цели на џихадисти во Ирак и Сирија од почетокот на воздушниет напади, соопшти Пентагон.

До 31 декември 2014 година предводената од САД коалиција нанела 1.676 воздушни удари, покажуваат податоците на американската Централна команда (Сентком), што е одговорно за Блискиот Исток и Централна Азија.

Уништени или сериозно оштетени се 58 тенкови и над 900 воени машини, вклучително 184 возила „Хамви“ и 26 воени транспортери, како и 79 артилериски рампи, 52 бункери, 673 воени пункта и над илјада разни објекти.

Авионите на коалицијата извршиле 15.465 летови.

Пентагон не објави колку џихадистите се убиени или повредени, како и дека не може да се потврди колку цели практично се уништени. – Не сакаме непријателот да знае се што, ние го знаеме за нив, објави портпарилот на министерството за одбрана полковник Стивен Ворен.

Меѓународната коалиција вклучува над 60 држави, од кои 12 учествуваат во воената операција во Ирак и Сирија. Воздушни напади во Ирак се вршат од 8 август 2014 година, а во Сирија од 23 септември минатата година. Заедно со американските авиони во операциите во Ирак учествуваат и авиони на Австралија, Белгија, Велика Британија, Данска, Канада, Холандија и Франција, а во Сирија авиони на Бахреин, Јордан, Обединети Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак