Пентагон за кампањата против ИД потроши 424 милиони долари

Од:

Пентагон соопшти дека потрошил 424 милиони долари за воената кампања против групата Исламска држава во Сирија и во Ирак.

Портпаролот на американското Министерство за одбрана, контраадмирал Џон Карби изјави дека Пентагон просечно дневно троши 7,6 милиони долари за воздушните напади и за разузнавачките летови.

Тој истакна дека локалните безбедносни сили во Ирак бележат успеси во борбата против џихадистите, а во Кобане локалните курдски сили контролираат поголем дел од градот.

– Напредокот е бавен и тешко е да се каже кога ќе има пресврт во битката со ИД, наведе Карби.

Тој истакна дека е можно оружјето фрлено од американските воени авиони за курдските борци да е земено од исламистите, но оти не може да ја потврди вчера емитуваната видео-снимка на која се гледа американско оружје во рацете на екстремистите.

– Во неделата за Курдите кои се борат во Кобане, беа фрлени 28 пакети. Еден од нив е уништен за да не биде одземен од непријателот, соопшти Централната команда на САД.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски