Пентагон: Северна Кореја за брзо време би можела да има потенцијал за напад врз САД

Од:

Натамошниот развој на севернокорејските програми за нуклеарна технологија и балистички ракети со голем дострел, би можеле да го приближат Пјонгјанг до неговата прокламирана цел да биде во состојба да изврши напад врз САД, се наведува во извештај на Пентагон доставен до американскиот Конгрес.

Во документот се посочува дека севернокорејските ракети со голем дострел Типоданг-2 во блиска иднина би можеле да бидат во состојба да погодат цели на територијата на САД, доколку Северна Кореја продолжи со развојот на нуклеаната и ракетна технологија.

Лани во декември Северна Кореја лансираше неколкустепена ракета која во земјината орбита однесе сателит, што во голема мерка е резултат на развојот на севернокорејските капацитети за производство на балистички ракети со голен дострел, се наведува во извештајот.

Пентагон, смета дека Пјонгјанг продолжува и со усовршување на своето атомско оружје, за што доказ е и нуклеарната проба извршена во фавруари годинава, која наведува на заклучокот дека Северна Кореја е способна во секое време да изврши дополнителни нуклеарни тестирања.

– Усовршувањето на системот на балистички ракети, заедно со развојот на нуклеарната технологија ја доближува Северна Кореја да нејзината цел да биде во состојба да изврши напад врз САД и да претставува зголемена закана за американските сили и нивните сојузници во регионот (на Источна Азија), се потенмцира во документот.

Пентаготн во извештајот оценува дека Северна Кореја со своето „провокативно и дестабилизирачко однесување“ претставува еден од најголемите предизвици за амерканската безбедност.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија