Пентагон: САД ќе испратат воена помош на Украина за уште 400 милиони долари

Од:

САД ќе испратат воена помош на Украина за уште 400 милиони долари и во Германија ќе создадат команден центар за помош во областа на безбедноста, соопшти денеска Пентагон.

Центарот ќе биде одговорен за трансфер на целото оружје во Украина и обука на украинските војници.

Новото командно место, наречено Група за помош за безбедноста на Украина, е показател за подолгорочна програма за поддршка на Киев во неговата борба против Русија, рече портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.

Новиот пакет од 400 милиони долари вклучува договори за 1.100 дронови Phoenix Ghost, финансирање за поправка на 45 тенкови, 40 речни чамци и други системи. Но, оружјето ќе помине низ шемата „Иницијатива за помош за безбедноста на Украина“ и нема веднаш да биде доставено во Киев. Оружјето според оваа иницијатива се нарачува од производителите, а не се зема од воените магацини.

Од почетокот на војната на 24 февруари, САД и дадоа на Украина оружје и друга опрема во вредност од 18,2 милијарди долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ