Пентагон: Ракетната програма на Пјонгјанг е закана за соседите

Од:

Американската војска соопшти дека ракетните тестови спроведени од Северна Кореја викендов претставуваат „закана“ за соседите во земјата и меѓународната заедница.

„Оваа активност го нагласува континуираниот фокус на Северна Кореја за развивање на воената програма и заканите што ги претставува за нејзините соседи и меѓународната заедница“, се вели во соопштението на Индо-тихоокеанската воена команда на САД.

Севернокорејските државни медиуми изутринава по локално време објавија дека земјата тестирала нова „крстосувачка ракета со голем дострел“ во саботата и неделата, и покрај долгогодишните контроверзии со САД за нуклеарната програма на Северна Кореја.

Извештаите ја опишуваат ракетата како „стратешко оружје од големо значење“, чии тестови беа успешни и и дадоа на земјата „уште едно ефикасно средство за одвраќање на непријателските сили“.

Пјонгјанг е под меѓународни санкции за програмите за балистички ракети, кои би требало да го заштитат од американска инвазија.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците