Пентагон потврдува дека ИД поседува оружје за ПВО

Од:

Пентагон потврди дека Исламска држава располага со средства за ПВО, но и дека САД преземаат мерки за да се намалат ризиците од употреба на тоа оружје.

– Можеме да потврдиме дека Исламска држава располага со ограничен број средства за противвоздушна одбрана, и поголем дел од тоа се користи во копнени операции, изјави Алиса Смит претставник на американското Министерство за одбрана.

Таа додава дека САД преземаат неопходни мерки за намалување на ризиците поврзани со употреба на ПВО од страна на екстремистите.

– Немаме докази дека ИД располага и користи преносни зенитно-ракетни комплекси, а исто така не можеме да анализираме какво оружје е запленето од екстремистите, додаде Смит. Претходно германското разузнавање соопшти дека ИД располага со ракетни комплекси со кои може да собори патнички авиони.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху