САД одлучија да испорачаат ракетни комплекси Патриот на Романија и авијациски ракети Хелфајер на Холандија, соопшти американското Министерство за одбрана.
Според Пентагон, договорот со Букурешт е 3,9 милијарди долари, а со Амстердам 34 милиони долари.
На Романија ќе и бидат испорачани 7 системи Патриот, додека Холандија купува уште 70 ракети Хелфајер. Холандија веќе има порачано 180 такви ракети.
Пентагон нагласува дека зделката со Романија ќе одговори на потребите на таа држава во сферата на самоодбраната како и на целите на НАТО без да се променат силите во регионот.