Пентагон: Кина го одби барањето на САД за телефонски разговор меѓу министрите за одбрана

Од:

Кина го одби американското барање за телефонски разговор меѓу американскиот и кинескиот министер за одбрана, Лојд Остин и Веи Фенг, изјави денеска портпаролот на Пентагон, генерал Патрик Рајдер.
Пентагон поднесе барање за повик во саботата, веднаш откако собори кинески балон осомничен за шпионирање на брегот на Јужна Каролина.

„За жал, Кина го одби нашето барање. Нашата посветеност на отворени линии на комуникација ќе продолжи“, рече Рајдер.

Во саботата, САД соборија наводен кинески шпионски балон кој леташе над американската територија неколку дена.

Пентагон во четвртокот соопшти дека американската војска открила кинески балон за набљудување на голема височина над континенталниот дел на САД.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи во петокот изјави дека балонот бил цивилен и се користи за метеоролошки и други научни цели и дека непланирано скршнал од предвидениот курс.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Тимот на Трамп сoставува црната листа

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања