Пентагон гради во Казахстан антируска линија за одбрана

Од:

Независимаја газета – Москва

На казахстанскиот воен полигон Илијски, во Алтманската област, заврши меѓународната воена вежба „Степен-Орел 2017“. Земјата редовно организира слични маневри од 2003 година наваму. Специфично за нив, е на пример, дека руски војници не присуствуваат, а казахстански војници и офицери од миротворниот батаљон „Казбат“ се обучуваат и тренираат само по стандардите на Северноатланската алијанса.

И овој пат за време на вежбата чија централна етапа траеше над три месеци, кзахстански војници тренираа заедно со војници од САД и Велика Британија решавајќи комплексни миротворни задачи. Според министерот за одбрана на Казахстан, Сакен Жасузаков, „Степен орел“ е веќе „важен инструмент за зацврстување на соработката и зголемување на оперативното усогласување меѓу делови од „Казабат“ и структурите на НАТО“. Позитивна оценка за маневрите даде и генерал-мајор Јан Тофт, кој раководи со „Соработката и регионалната безбедност“ во структурата на алијансата.

Казахстанското министерство за одбрана го цитираше претседателот Нурсултан Назарбаев, кој се обрати на Советот за безбедност на ОН, дека „Казахстан се залага за понатамошно усовршување на миротворниот систем на ОН и планира да го зголеми бројот на своите воени набљудувачи и миротворци во мисиите на ОН во одржувањето на мирот“.

Во таа смисла, ние ќе ја продолжиме нашата миротворна подготовка која ги вклучува во основа воените вежби „Степен орел“, дополни министерот Жасузаков.

Разбирлив е стремежот на Казахстан да учествува поактивно во миротворните акции. Буквално пред еден месец министерот за ндворешни работи Кајрат Абдрахманов директно посочи дека земјата нема да изпрати сини беретки во Сирија, за да не ги претвори во „заложници на ситуацијата таму“. Во најскоро време тоа нема да се случи, така ја прецизираше Абдрахманов позицијата на Казахстан. Тоа јавно фрла сенка врз Русија и покрај нејзините двогодишни обиди да ги унипти терористите во Сирија, и да ги помири завојуваните страни во тој конфликт.

Казахстанските војници, кои заедно членуваат со колегите од Русија и други земји од ЗНД во Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ), учествува во операциите на НАТО во Авганистан. Но категорично одбиваат да учествуваат да се вклучат во слична мисија во Сирија – за разлика од Русија, Турција и Иран. Казахстан неспорно е во право, но со оглед на сојузничките односи меѓу Москва и Астана јасно се исцртуваат потивречностите во позициите на двете земји.

Меѓу експертите започнаа дискусии по темата која казахстанската делегација на чело со заменикот министер за одбрана, генерела-ппоручник Талгат Мухтаров, разговараше во јули со претставници од Пентагон. Тогаш САД и Казахстан потпишаа план за воена соработка за периодот 2018-2022 година. Неговата содржина не беше официјално објавена, што веднаш отвори прашања.

Мнозина експерти и политичари тврдат дека во Казахстан има воени објекти кои се потенцијално опасни за Русија, и за други земји од ЗНД. На крајот на мај, на пример, за време на заседавашњето на Парламентарната комисија во Советот на федерацијата, министерот за одбрана Сергеј Шојглу ги коментираше информациите дека со пари од Пентагон се создаваат биолошки центри во Грузија и Казахстан. Со сигурност се знае дека дека вашингтон додели 130 милиони долари за таков објект, кој е изграден во Алмати и од септември 2016 година тој веќе е во функција.

Официјално лабораторијата е со цел за дијагностицирање на инфективни заболувања, истражувања, склдирање на особено опасни вируси, работа на вакцини, и тн. Сето тоа може да се опише со еден збор: биолошко оружје. Но всушност не е дозволена контрола врз него од страна на Русија и други членови на ЗНД, као што уште во септември рускиот министер на дипломатијата Сергеј Лавров. Одбивањето на САД „да формираат механизам за контрола дали се исполнуваат барањата од Конвенцијата за биолошки и токсични оружја покажува дека овие стражувања не се сосема спокојни“, истакна тој.

Сергеј Шојглу пред сенатот вети дека ќе истражи како стојат работите. Но засега министерството не дава официјлни информации по ова прашање. Министерството за одбрана на Казахстан пак објави доста чудна изјава дека „на казахстанска територија нема воени објекти кои се создадени со поддршка на САД“. Но истовремено спомена дека „во моментов американската страна ги потпомага министерството за одбрана во реновирањето на тренинг центарот „Партнерство за мир“ (во Алмати) и изградбата на објекти од касарнско-станбениот фонд за тренинг центарот за миротворни операции „во алматинската област), кои се користат за подготовки за личниот состав на земјата со оглед на нивното учество во миротворни операции“.

И нема ниту збор за билошкиот центар. Објаснување даде директорот на Научниот центар за карантини и зоонизни инфекции Бахит Атшабар. Според него, нема ништо чудно што центарот е финансиран од министерството за одбрана на САД: „Намалувањето на оружјата за масовно уништување е во негов ресор“. Експертите го нарекуваат тој центар стратешки „информациско-аналитички ресурс“ и „голема истражувачка база“. Но недостасуваат било акви гаранции дека таа база нема да работи против Русија и други земји од ЗНД.

– Русија и Казахстан одржуваат сојузнички односи. Вклучително во воената сфера. Заедно ја освоивме вселената, организираме заеднички меѓународни воени вежби, маневри. Казахстан купува руски оружја по преференцијални цени… За жал, и покрај тие односи има и непријатен факт – потенцира воениот експерт генерал-поручник Јуриј Неткачев. „Се наметнува чувството дека казахстанското раководство седи на две столчиња. Ем е со Москва, ем јавно не ги коментира руските антуруските дејствија на САД и други земји од НАТО“. Аналитичарот е убеден дека „учествувајќи во воени маневри како „Степен орел“, САД активно го освојуваат централноазискиот театар на воени дејствија. Присуството на воени претставници од Пентагон во Казахстан дава можност да се разузнаваат конкретни руски воени објекти“.

– САД бесплатно ги обучуваат казахстанските војници, им ги пренесуваат своите вредности и идеологии. Ибеден сум дека во предложениот преод кон латиница во Казахстан имаат замешано прсти и американски советници. Тоа е јавна провокција и дава претпоставки деказа социјални конфликти. Затоа што над половина од населението го смета рускиот јазик за мајчин јазик. За нив, особено за славјаните, тоа е чудна појава“, дополни експертот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија