Пентагон бара Индија да се откаже од воената соработка со Русија

Од:

Соединетите Американски Држави побараа од Индија и другите земји да ги напуштат заедничките одбранбени активности со Русија, објави Тајмс оф Индија, цитирајќи го портпаролот на американското Министерство за одбрана Џон Кирби.

– Јасно и ставивме до знаење на Индија и на другите земји дека не сакаме да се потпираат на Русија за нивните одбранбени програми, рече тој. Кирби додаде дека САД ја ценат воената соработка со Индија. – Бараме начини за дополнително зајакнување, рече портпаролот на Пентагон.

Претходно, САД ја предупредија Индија на „сериозни ризици“ доколку го зголеми купувањето нафта од Русија. Во спротивно, Индија може да се соочи со сериозни последици, велат смерикански претставници. Од 24 февруари, нафтените рафинерии во Индија го зголемија купувањето на руски суровини по намалени цени. Купувале 13 милиони барели месечно наспроти 16 милиони барели за цела мината година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни