Пенс: САД нема да стои настрана додека Венецуела пропаѓа

Од:

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека САД ќе ја искористат својата економска и демократска моќ за да помогнат во обновување на демократијата во Венецуела.

– Претседателот Трамп многу јасно стави до знаење дека нема да стоиме настрана додека Венецуела пропаѓа во диктаторскиот режим. Лошата состојба во Венецуела претставува закана за безбедноста и просперитетот на нашата цела хемисфера и народот на САД, истакна Пенс во колумбискиот град Картахена.

Тој нагласи дека „САД и понатаму ќе бидат со слободните земји ширум својата хемисфера, се додека на венецуелскиот народ не им се врати демократијата“.

Доналд Трамп во петокот се закани со воена интервенција во Венецуела, со што предизвика остри критики ширум Јужна Америка.

Би можело да ве интересира

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

Завршија руско-американските разговори во Истанбул