Пекинг: Притисокот врз Путин нема да доведе до решавање на украинската криза

Од:

Притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин нема да доведе до решение на украинската криза, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун.

Коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за влијанието на кинескиот лидер Си Џинпинг врз ситуацијата во Украина, портпаролот рече дека дијалогот и преговорите се единствениот начин за решавање на конфликтот.

„Дијалогот и преговорите се единствениот ефикасен начин за решавање на украинската криза“, рече дипломатот, објави РИА Новости.

Дипломатот додаде дека Кина изразува силно незадоволство и решителен протест поради вклучувањето на кинеските компании во 19-от пакет европски санкции против Русија.

Гуо Џиакун додаде дека Кина не е ниту поттикнувач на украинската криза, ниту учесник во неа. Според него, Кина не испорачува оружје на страните во конфликтот и строго го контролира извозот на стоки со двојна намена.

Коментирајќи ги санкциите на САД врз руските нафтени компании Роснефт и Лукоил, портпаролот истакна дека Кина постојано се спротивставува на санкциите што не се одобрени од Советот за безбедност на ОН.

„Кина отсекогаш се спротивставувала на сите дејствија што немаат основа во меѓународното право и не се одобрени од Советот за безбедност на ОН“, нагласи дипломатот.

Претходно, Европската Унија го усвои 19-тиот пакет санкции против Русија, кој се однесува на руските банки, крипто берзите и компаниите во Индија и Кина. Како дел од овој пакет, беа воведени санкции врз „Роснефт“ и „Лукоил“.

Би можело да ве интересира

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ

Русија планира рекордни 202,6 милијарди долари за одбрана во 2027

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат