Пекинг го осуди крајно опасниот став на САД во врска со доаѓањето на Ненси Пелоси во Тајван

Од:

Кина денеска го осуди „исклучително опасниот“ став на САД, непосредно по пристигнувањето на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, во Тајван, автономна територија што Пекинг ја смета за една од своите провинции.

„САД… се обидуваат да го искористат Тајван за да ја зауздаат ​​Кина“, објави кинеското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека Вашингтон не престанува „да го деформира, прикрива и празни принципот на една Кина од секаква смисла, зајакнувајќи ја официјалната размена со Тајван и охрабрување на сепаратистичките активности на Тајван.”

„Тие акции, како и играњето со оган, се крајно опасни“, соопшти Министерството.

Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Чиан, денеска најави дека Кина ќе започне „целни воени акции“ како одговор на посетата на Пелоси на Тајван.

„Операцијата на војската има за цел одлучно да го одбрани националниот суверенитет и територијален интегритет и цврсто да се спротивстави на странското мешање и сепаратистичките обиди за независност на Тајван“, рече Ву Чиан.

Покрај тоа, Кина најави дека ќе одржи „важни“ воени вежби, вклучително и четиридневна вежба со употреба на боева муниција, во шест региони околу Тајван, објавија кинеските државни медиуми.

Кинеските државни медиуми претходно пред пристигнувањето на Пелоси во Тајван објавија дека борбените авиони Су-35 PLAAF го минуваат Тајванскиот теснец, без да ја прецизираат целта на нивниот лет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пелоси: Повеќе нема да ги водам демократите во Претставничкиот дом

Ненси Пелоси се повлекува од лидерка на демократите во Претставничкиот дом на САД

Горан Наумовски

Осомничениот за нападот во домот на Пелоси обвинет за обид за киднапирање

Горан Наумовски

Напаѓачот на сопругот на Пелоси поседувал список на луѓе кои планирал да ги нападне

Напаѓачот на сопругот на Ненси Пелоси ќе одговара за обид за убиство и серија други кривични дела

Ана Ололовска

Бајден: Нападот врз сопругот на Ненси Пелоси е ужасен

Ана Ололовска