Пекинг ги користел „Твитер“ и „Фејсбук“ против демонстрантите во Хонгконг, тврдат двете социјални мрежи

Од:

Кинеските власти искористиле речиси илјада налози на „Твитер“ и во помал степен на „Фејсбук“ за да ги дискредитираат и да сеат раздор меѓу продемократските демонстранти во Хонг Конг. Тоа го соопштија двете социјални мрежи.

Твитер укинал 936 налози поради „координирана оперaција поддржана од влада на држава“. Потегот на „Твитер“ е преземен по интензивна истрага на работата на налози.

Пораките на „Твитер“ најчесто биле преземани од кинеската државна новинска агенција Синхуа. Компанијата соопшти дека кампањата за дезинформации е дизајнирана да „сее политички раздор во Хонг Конг, вклучително и поткопување на легитимноста и движењето на политичките протести на теренот“.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он