Пејн: Турција е единствено одговорна за бегството на борците на ИД

Од:

Шефицата на австралиската дипломатија Марис Пејн смета дека Турција е единствено одговорна за бегството на борците на екстремистичката Исламска држава од притвор во Сирија.

Пејн ова го кажа во австралискиот Сенат откако стотици приврзаници и членови на семејствата на борци на Исламска држава вчера побегнаа од притворски камп, по судирот меѓу турските сили и сириските Курди.

Опозициските пратеници наведуваат дека токму американската одлука да ги повлече силите од северот на Сирија ја овозможи турската воена акција.

Пејн, меѓутоа, вината за тоа не ја посочи во САД, изјавувајќи дека Турција е „исклучиво одговорна за акцијата на своите и силите кои работат за неа“.

Турција, според неа, е одговорна и „за хуманитарното страдање кое го предизвикува со својата воена операција“.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он