ПЕГИДА ќе продолжи со антиисламските протести и покрај полициската забрана

Од:

Германското антиисламско движење ПЕГИДА (Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот) планира да одржи следната недела нови демонстрации во источниот град Дрезден и покрај полициската забрана, јави ДПА.

– Не сакаме да гледаме како слободата на говорот и слободата на правото на собир ни се попречуваат, изјави основачот на ПЕГИДА; Катрин Јортел.

Последните демонстрации на движењето беа забранети од полицијата поради терористички закани. Вчера не се одржа веќе традиционалниот понеделнички протест на ПЕГИДА, откако џихадистичката групација Исламска држава упати смртни закани кон еден од основачите на движењето Луц Бахман.

Приврзаниците на движењето сепак излегоа вчера по улиците на повеќе германски градови, меѓу кои Берлин, Минхен и Лајпциг, но во помал број, а мали протести на ПЕГИДА имаше вчера и во Данска и Норвешка.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски