Педро Санчез: Европа да го засили производството на храна

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез предупреди дека е потребна европска реформа на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) за да се спречи криза со храна по руската инвазија на Украина.

– Треба да обезбедиме многу посилно производство на храна во Европа отколку што сега имаме, со други зборови, да ја реформираме ЗЗП, рече тој, пренесува Политико.

Санчез, исто така, потенцираше дека е важно да се мобилизира меѓународната заедница и да се најдат нови земји од кои ќе се увезуваат житни култури.

Тој ја осуди руската инвазија на Украина и рече дека лидерите на земјите од ЕУ во Версај ќе разговараат за одбранбените прашања, како и за социјалните и економските последици од конфликтот за Европејците, вклучително и инфлацијата и зголемувањето на цените на енергијата, храната и суровините.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Премиерот на Шпанија го обвини Илон Маск дека ја поткопува европската демократија

А1он

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он