Педофил, осуден на 1.000 години затвор, е ослободен во САД

Од:

Во САД педофил, кој е осуден на илјада години затвор, е ослободен на условна казна, пишува весникот „Њујорк тајмс“.

Питер Малори, жител на американската сојузна држава Џорџија, е ослободен по поминати осум години в затвор. Ослободителната пресуда ја даде Апелацискиот суд во мај оваа година, утврдувајќи дека педофилот отслужил доволна казна.

Малори беше уапсен во 2011 година поради поседување детска порнографија и навлегување во приватноста. Тој беше приведен во текот на истрагата за случаи на собирање порнографски материјал во кампусот на Техничкиотфакултет во Западна Џорџија, каде што работел. Полицијата се сомневала на еден од студентите за сторено кривично дело, но при претресот на компјутерот на Малори се откриени повеќе од 26.000 досиеја за детска порнографија.

Во 2012 година, судот го прогласи за виновен. Во судницата тој беше опишан како „најактивниот колекционер на детска порнографија во светот“

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето