Педесет и две лица загинаа во стампедо, откако полицијата се обидела да ги растера демонстрантите за време на голема религиозна прослава во египетската држава Оромија, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила во еден од најделикатните во политичка смисла реони во Етиопија. Повеќе месеци во Оромија се одржуваа протести со барање за поголема слобода, при што во неколку случаи имаше и жртви.
Во државата е прогласена тридневна жалост.