Педерсен: ОН повикуваат на прекин на огнот во Сирија заради коронавирусот

Од:

Пратеникот на ОН за Сирија, Геир Педерсен, денеска повика на прекин на огнот во Сирија за подобро да се одговори на пандемијата од коронавирусот.

Властите во Дамаск до денеска имаат регистрирано само еден случај на заразен со коронавирус во делот на земјата под нејзина контрола, но остануваат големите стравувања од ширење на вирусот бидејќи здравствените институции се уништени во долготрајните борби.

Педерсен укажа на проблемите во Сирија каде „здравствените центри се уништени или имаат намален капацитет“, како и дека е присутен „ недостиг од основна медицинска опрема и здравствени работници“.

-Денеска упатувам специфичен апел за моментален прекин на огнот на целата територија на Сирија за да може да се вложат напори во борбата против коронавирусот, порача специјалниот пратеник на ОН за Сирија.

Тој повика на „ траен период на мир ширум земјата“ за на Сиријците да им биде овозможено да се соочат со опасноста на новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад