Патувањата во ЕУ ќе бидат можни и без потврда за вакцинација

Од:

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан смета дека летниот одмор во рамките на Европската унија ќе биде можен и без потврда за вакцинација со негативен тест за коронавирус, пренесуваат германските медиуми.

– Во рамките на Европската унија, патувањата, најверојатно нема да зависат од вакцинацијата. И со помош на тестирање ќе биде можно да се движите низ Европа, изјави министерот Шпан.

Тој рече дека нема да патува во остатокот од светот.

„Во оваа последна фаза од пандемијата, ќе отстапам од патувања во оддалечените делови на светот. Накратко речено: Северно Море наместо Тихиот Океан”, рече Шпан.

Бундестагот, по Долниот дом на германскиот Парламент, вчера ја одобри владината уредба со која на вакцинираните против коронавирусот им се дозволува одредено ослободување од мерките против пандемијата.

Според уредбата, која треба да стапи на сила утре, лицата кои биле целосно вакцинирани, како и луѓето кои го преживеале коронавирусот, се изземени од обврската за строго ограничување на личниот контакт, забрана за движење во текот на ноќта, како и од обврската за приложување негативен тест.

Вакцинираните исто така ќе бидат ослободени од досега задолжителниот карантин по враќањето од странство. Исклучок се повратниците од таканаречените области каде што има и други соеви на вирусот, како Индија, Бразил или Јужна Африка.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он