Патрушев: НАТО воено ја помага Украина и сака борбите да ги префрли на руска територија

Од:

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, денеска изјави дека во Украина целата НАТО Алијанса блок се бори против Русија, го снабдува Киев со оружје, разузнавачки информации, ја обучува армијата, помага во планирањето операции и настојува борбите да ги префрли на руска територија.

„Блокот на НАТО во основа се бори против нас, неговите членки му обезбедуваат на режимот во Киев тешко оружје, муниција, разузнавачки податоци, обезбедуваат обука за воени специјалисти“, рече Патрушев на безбедносната конференција на Крим.

Според неговите зборови, членките на НАТО „учествуваат во планирањето воени операции, ги уценуваат со употреба на оружје за масовно уништување“.

Патрушев ги обвини САД, Велика Британија и другите западни земји дека се обидуваат да ги продолжат борбите во Украина, како и да префрлат на руска територија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски