Патријархот на Коптската црква ја откажа средбата со Пенс

Од:

Патријархот на Коптската православна црква Тавадрос Втори го откажа состанокот со американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој што требаше да се одржи во Каиро овој месец, во знак на протест против одлуката на Вашингтон да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

– Одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп беше соопштена во несоодветен момент и ги занемарува чувствата на милиони Арапи, се вели во соопштението на коптската црква.

Оваа одлука доаѓа само еден ден откако големиот имам на џамијата Ал Азхар исто така ја откажа средбата со Мајк Пенс во знак на протест против одлуката на Трамп.

Коптите се речиси 10 отсто од 93 милиони жители на Египет, каде муслиманите се мнозинство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува