Патријархот Кирил: „Сите страни во конфликтот да избегнат цивилни жртви“

Од:

Патријархот московски и на цела Русија Кирил, апелираше до сите страни во конфликтот во Украина да направат се за да се избегнат цивилни жртви.

„Како патријарх на цела Русија и поглавар на Црквата, чие стадо е во Русија, Украина и други земји, длабоко сочувствувам со сите погодени од катастрофата. Ги повикувам сите страни во конфликтот да направат се што е можно за да се избегне цивилни жртви“,објавено е на веб-страницата на Руската православна црква.

Кирил посочи дека рускиот и украинскиот народ имаат заедничка вековна историја и изрази верба дека оваа поврзаност ќе помогне, како што рече, да се надминат поделбите и противречностите кои доведоа до сегашниот конфликт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува