Патријарх Кирил: Паметните телефони водат до aнтихрист

Од:

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил рече дека капацитетот за собирање податоци што го имаат уредите како што се паметните телефони може да го доближи човештвото до доаѓање на aнтихрист.

Кирил во интервју, што вчера го емитуваше државната телевизија, наведе дека црквата не се спротиставува на технолошкиот напредок, но дека е загрижена бидејќи „некој секогаш може да ја знае вашата точна локација, вашите интереси, од што се плашите“… и таквите информации можат да бидат искористени за централизирана контрола на светот.

– Контролата од една точка е предвидување на доаѓањето на антихристот, ако зборуваме за христијанскиот поглед на нештата. Антихрист е личност, која ќе биде на чело на светската мрежа што ја контролира целата човечка раса, истакна рускиот патријарх.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

А1он

Нападнат е Киев: Кличко итно се огласи