Авион на Јунајтед Ерлајнс со 300 патници, кој сообраќал од Сан Франциско кон Сиднеј поради смет на пистата во последен момент пред да слета, бил пренасочен во Канбера.
Но на тој аеродром нема царина, ниту контрола на патните исправи поради што патниците морале да останат во авионот.
Како што пренесуваат медиумите тогаш се појавил нов проблем, на екипажот му истекло работното време и компанијата соопштила дека мора да испрати друга посада.
По четири часа на патниците сепак им било дозволено да го напуштат авионот, но не смееле да ја напуштат оградената воена зона и покрај тоа што немале вода, храна, тоалет.
Дел од патниците веќе го искажале својот револт на „Твитер“ поради 30 часовното патување.
-Пристигна нова посада, не повикаа да влеземе во авионот. Сега ќе видиме колку пак тоа ќе трае-напишал на социјалната мрежа патникот Фабио Калабриа.
Јунајтед Ерлајнс повикувајќи се на приватност не им дала никакви информации на семејствата на патниците кои го чекале пристигнувањето на авионот во Сиднеј.
Е. Г.