Пасторот Џонс најави спалување на 2.998 примероци на Куранот

Од:

Контроверзниот американски пастор Тери Џонс најави преку социјалните мрежи спалување на 2.988 примероци на Куранот, на 11 септември оваа година во американскиот град Тампа, јави Анадолија.

На Фејсбук профилот на пасторот Џонс е наведено дека настанот на спалување на примероци од Куранот ќе биде организиран во Западна Тампа, а дадени се и упатства за сите оние кои сакаат да присуствуваат на настанот.

Меѓутоа според пишувањата на американските медиуми, жителите на наведното подрачје не знаат за најновите планови на Џонс.

Хектор Картагна, кој веќе неколкугодини живее во тоа место изјави дека не знае за планирањето на наведениот настан, нагласувајќи дека најверојатно станува збор за некаква забуна.

Ист такаа нитусамите симпатизери и најблиски соработници на Џонс не знаат точно каде ќе се одржи спалувањето.

– Се уште не ја знаеме локацијата, на која тоа ќе се организира, но веројатно е дека ќе биде некаде во Тампа, изјави Стефани Сап, портпарол на организацијата „Стани Америко“, која го поддржува Џонс.

Пасторот нагласи дека ќе спали 2.998 примероци од Куранот, што е еднакво на бројот на жртвите во нападите на САД во 2001 година.

Пасторот Џонс во досегашните изјави за медиумите тврдеше дека исламот е најопасната закана за националната безбедност на САД.

Тој на светската јавност и е познат по јавното спалување на Куранот на десетгодишнината од терористичките напади од 11 септември.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија