Конзервативната Партија на независноста на исландскиот премиер Бјарни Бенедиктсон победи на вчерашните предвремени парламентрани избори во Исланд.
Според резултатите од 65 отсто преброени гласови, што претпладнево ги објави Централната изборна комисија, партијата на Бенедиктсон освоила 16 од вкупно 63-те места во исландскиот Парламент.
На второ место се пласира левичарското популиситчко движење Леви зелени на Кетрин Јакобсдотир со освоени 11 мандати, а трета е партијата Социјалдемократска алијанса со осум пратенички места. Остантите места во Парламентот ги добија пет други партии кои озвија по меѓу четири и седум мандати.
Во вакви услови се проценува дека формирањето на новата коалициска влада нема да биде воопшто едноставна работа, па не е исклучена можноста веќе следната година Исланѓаните да излезат на ново предвремено гласање.
Вчерашните избори во Исланд беа трети во последниве четири години. Тие беа распишани во септември по распадот на досегашната владина коалиција, формирана во јануари годинава, откако партијата Светла иднина се повлече од Владата, затоа што таткото на премиерот Бенедиктсон потпиша петиција за бришење на криминалното досие на осуден педофил.
Партијата оцени дека има „сериозно нарушување на довербата“, тврдејќи дека премиерот се обидел да „го прикрие скандалот со неговиот татко“.
Светла иднина на вчерашните избори, според досегашните резултати, не успеа да го мине изборниот праг и нема да има пратеници во новиот Парламент.