Партијата Денк, предводена од двајца Холанѓани со турско потекло, на вчерашните избори првпат освои места во Парламентот на Холандија, јави ДПА.
Партијата Денк, чие име во превод од холандски значи „мисија“, а од турски – „еднаквост“, ќе има тројца пратеници во новиот состав на холандскиот Парламент.
Политичката партија е прадводена од Тунахан Кузу и Селџук Озтурк.
Двајцата до 2014 година беа пратеници од Партијата на трудот, но потоа се оделија од неа и ја формираа Денк.
Тие ги оценија резултатите од изборите како „навистина фантастични“ за партијата и ветија дека ќе се борат против зголемената ксенофобија во холандската политика, алудирајќи на популистичкиот лидер Герт Вилдерс.
– Пораката на Денк е толерантност во одговор на омрзата, солидарност и заемно прифаќање, наведе Кузу.