Парламентарните избори во Полска закажани за 25. октомври

Од:

Полскиот претседател во заминување Бронислав Коморовски денеска соопшти дека редовните парламентарни избори во Полска ќе се одржат на 25. октомври, пренесе МИА.

Крајниот термин за одржување на изборите е крајот на октомври, имајќи предвид дека преходните избори за членови на полскиот Парламент, чиј мандат е четири години, се одржаа вo октомври 2011 година.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека овие избори би можеле да стават крај на осумгодишното владеење на демохристијанската партија Граѓанска платформа (ПО) и на власт да ја доведат конзервативната популистичка партија Право и правда (ПиС) на попранешниот премиер Јарослав Качињски.

Вовед во ваквата промена на власта, според аналиитчарите, беше и неочекуваниот пораз на Коморовски на претседателските избори во мај година, на кои со тесна разлика победи кандидатот на ПиС, Анджеј Дуда. Дуда треба да ја преземе претседателската функција следниот месец.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он