Париз: Нема одлагање на Брегзит без „јасен план” на Лондон

Од:

Франција денеска ја повика Владата во Лондон да претстави „веродостоен алтернативен план” за Брегзит пред Самитот на ЕУ на 10 април, оценувајќи дека во моментов е „прерано” да се зборува за одлагање на британското истапување од Унијата, јави дописникот на МИА.

Елисејската палата соопшти дека е прерано е да се зборува за пролонгирање на Брегзит, во услови кога 27-те членки на ЕУ јасно побараа Лондон да изложи веродостоен алтернативен план со кој го оправдува ова барање.

– Ова до денеска не се случи, смета Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Според Елисејската палата, одлагањето е алатка, а не решение само по себе.

Макрон во вторникот изјави дека негов „приоритет е правилно функционирање” на Европската унија, која „не може трајно да биде заложник на решавањето на политичката криза во Велика Британија“.

Реакцијата на Париз следи откако британската премиерка Тереза Меј денеска во писмо упатено до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск повторно побара одлагање на Брегзит до 30 јуни, со цел да им се овозможи на пратениците во Долниот дом на Парламентот во Лондон да добијат дополнително време за усвојување на Договорот за истапување на Велика Британија од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска