Париз, Франкфурт и Лондон зафатени од снежно невреме

Од:

Снежната покривка во некои делови на францускиот главен град Париз денеска достигна 30 сантиметри.

Интензивните снежни врнежи кои започнаа вчера предизвикаа проблеми во сообраќајот во Париз. Екипите на зимските служби не успеале да го исчистат снегот, а многу автобуски линии се откажани.

Жителите на главниот град одамна не биле сведоци на вакви врнежи од снег, а од ситуацијата најзадоволни се туристите.sneg-london

Интензивните снежни врнежи предизвикаа голомразица и намалување на видливоста на најпрометниот европски аеродром во германскиот град Франкфурт, а 130 авионски летови се откажани.

Лондонскиот аеродром „Хитроу“ денеска откажа 20 проценти од летовите поради снегот во британскиот главен град Лондон.epa01983984 A passenger plane seen at the snow covered tarmac of the international  airport in Frankfurt, Germany, 09 January 2010. Severe winter weather continued to cause havoc across large parts of Europe with snow clogging roads and airports.  EPA/Boris Roessler

Раководството на аеродромот соопшти дека откажувањето на околу 250 летови ќе му помогне да се избори со снеговите, кои се очекуваат и понатаму, без да прави дополнителни измени во распоредот на летови. Ова е трет ден по ред во кој се откажуваат летови поради снежното невреме. Помалите лондонски аеродроми „Станстед“ и „Гетвик“ соопштија дека работат нормално, но не ја отфрлија можноста за откажувања и доцнења на летовите.

Според метеоролозите, снежните врнежи веројтано ќе продолжат денеска и утре.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Неколкумина загинати во поплавите во Шпанија, се трага по исчезнати

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шокантни снимки: Луѓето добиваат невројатно „луди“ идеи за време на поплави

Катерина Ѓуровски