Парите од Нобеловата, ЕУ ќе ги додели за образование на деца

Од:

ЕУ донесе одлука кои пет организации ќе го поделат износот на паричниот дел од Нобелова награда за мир, која годинава и беше доделена на Унијата, јави дописникот на МИА.

Парите ќе бидат наменети за образование на деца ширум светот.

Меѓу организациите кои ќе добијат парични средства се Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и „Спасете ги децата“.

Освен износот на паричниот дел на Нобеловата нграда, ЕУ вложи и сопствени средтства, така што петте организации ќе поделат вкупно два милиона евра, јавија скандинавските медиуми.

Освен УНИЦЕФ и „Спасете ги децата“, пари од ЕУ ќе добијат и норвешкиот Бегалски совет, Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и хуманитарната организација „Актед“.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски