Британски суд одреди парична казна за Британец кој е снимен додека јаде жива риба од аквариум.
Според британското Кралско друштво за заштита на животни, судот му одредил парична казна на Гевин Хоуп (22) од 330 фунти и судски трошоци од околу 1.000 фунти.
Хоуп бил снимен за дочекот на Нова година како со пиво проголтал и риба од аквариум. Снимката ја ставил на Фејсбук.
Здружението повика за запирање на „бруталната“ пракса за голтање риби од аквариум на забави.