Парагвајскиот Парламент го отфрлки предлог законот за реизбор на претседателот на државата

Од:

Долниот дом на Парламентот на Парагвај ги отфрли предложените измени во Уставот, што требаше да ги прошират одредбите за продолжување на мандатот на претседателот на државата со негов реизбор, пренесе ТАСС.

Пред приближно четири недели Сенатот, со тајно гласање, ја одобри оваа предложена мерка, што предизвика побуни низ земјата, што прераснаа во отворени судири.

Според претставник на владеjачката партија, Долниот дом – Палатата на пратениците – со 78 гласа и еден воздржан го отфрли предлог законот.

Прашањето за реизбор на претседателот е повод за силни тензии во Парагвај, каде се уште се живи спомените за 35-годишната воена хунта, што заврши во 1989 година.

По денешното гласање голема толпа луѓе ја поздрави одлуката на пратениците пред зградата на Парламентот.

Првично се тврдеше дека иницијативата има за цел да му помогне на претседателот Орасио Картес да се задржи на власта. Пред приближно две недели, меѓутоа, тој изјави дека нема да се кандидира на изборите во 2018 година, дури и доколку Парламентот ја усвои реформата.

Би можело да ве интересира

Загина Валтер Хармс и уште тројца негови соработници

Парагвај има нов претседател

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дилер во Парагвај силувал и убил девојче кое го купил од мајка му, снимен како ја носи

Ана Ололовска

Во Парагвај запленети рекордни 3,4 тони кокаин

Ана Ололовска

Во Парагвај сменети три министри поради насилните протести

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гумени куршуми и солзавец на протестите во Парагвај против слабиот одговор на владата кон Ковид-19

Ана Ололовска