Парагвајската полиција соопшти дека запленила 850 килограми кокаин, скриен во вреќи со ориз, кој требало да биде испорачан во Демократска Република Конго.
Дрогата била сместена на брод, кој требало да исплови од приватното пристаниште во Асунсион, Рио де ла Плата.
На секоја од вреќите во кои имало кокаин, се наоѓала слика со шкорпија, што е заштитен знак на групата шверцери на дрога, која ја предводи Бразилецот Хорхе Рафат Тумани, соопшти полицијата.
Во врска со овој случај полицијата приведе само едно лице, цариник.