Парагвај: Поради поплави евакуирани 150.000 лица

Од:

Околу 150.000 лица се евакуирани од главниот град на Парагвај, Асунсион, поради поплави кои ги предизвикале повеќедневни обилни врнежи, соопштија официјални лица.

Владата на Парагвај соопшти дека околу 30.000 семејства, морало да бидат раселени поради зголемување на водостојот на реките Парагвај и Парана.

Евакуираните се сместени во воени објекти, а луѓето немале време со себе да земат нешто, поради тоа што водата за многу кратко време го зголемила своето ниво, пренесе „Асошиејтед прес“.

Како што пишуваат агенциите, некои од жителите не сакале да бидат евакуирани, поради страв дека куќите ќе им бидат ограбени.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Загина Валтер Хармс и уште тројца негови соработници

Парагвај има нов претседател

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дилер во Парагвај силувал и убил девојче кое го купил од мајка му, снимен како ја носи

Ана Ололовска

Во Парагвај запленети рекордни 3,4 тони кокаин

Ана Ололовска

Во Парагвај сменети три министри поради насилните протести

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гумени куршуми и солзавец на протестите во Парагвај против слабиот одговор на владата кон Ковид-19

Ана Ололовска