Граѓаните во Парагвај денеска ќе избираат претседател на земјата на место на, пред 10 месеци, отстранетиот од функцијата Фернандо Луго.
Гласањето за претседател и вицепретседател ќе се оддржи во еден круг. Истовремено, ќе се оддржат и избори за парламент и провинциски гувернери.
Во земјата има околу 3,5 милиони регистрирани избирачи.
Двајцата главни претенденти за победа на претседателските избори се претставници на партиите што ја предизвикаа процедурата за импичмент на поранешниот епископ Луго во јуни 2012 година.
Тогаш привремен претседател стана вицепретседателот Фредерико Франко.