Папата Франциско ја повика Европа да ги „отвори своите врати“ за бегалците непосредно пред одбележување годишнина од тешкиот бродолом на имигранти близу брегот на Сицилија во минатата година.
– Ги молам мажите и жените од Европа да ги отворат вратите на своите срца. Сакам да Ви кажам дека јас сум со Вас, се молам за Вас и молам да се отворат вратите кои се затворени, нагласи папата.
Речиси 40 преживеани и роднини на жртвите разговараа синоќа со папата во Ватикан пред заминувањето на Лампедуза на помен во знак на одбележување на годишнината од минатогодишниот бродолом.
Триста шеесет и осум луѓе најголем дел од Еритреја и Сиријци се удавија на 3 октомври лани кога се преврте брод преполн со бегалци во близина на островот Лампедуза.
Трагедијата ги потресе ЕУ и беше побарано од Италија итно да засили патролирање во Средоземното Море. Само во оваа година спасени се над 160.000 луѓе.